Од 1 април, возрасните Германци ќе можат да одгледуваат и поседуваат одредена количина марихуана за лична употреба

од Vladimir Zorba
371 прегледи

Законот за делумна легализација на канабисот ќе биде усвоен во петок во Бундестагот според планираното, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах, пренесува германската новинска агенција (dpa).

„Со овој закон ќе постигнеме значително намалување на црниот пазар, подобра заштита на децата и младите и безбедни производи за потрошувачите (…)“, рече Лаутербах.

Законот подготвен од владејачката коалиција предвидува слободна, но контролирана продажба на канабис, со бројни правила и спецификации.

Почнувајќи од 1 април, возрасните ќе можат да одгледуваат и поседуваат одредена количина марихуана за лична употреба. Од 1 јули ќе може да се отворат клубови за некомерцијално одгледување.

Законот беше критикуван од многу лекарски здруженија, судството и политичари од Министерството за внатрешни работи, и на федерално и на покраинско ниво.

Во Бундестагот законот ќе се гласа со прозивка на пратеници.

Новата регулатива потоа оди во Бундесратот, односно Федералниот совет, во кој членуваат претставници на сојузните држави. Сепак, не е потребна согласност од Бундесратот.

Слични содржини