„Дали е точно дека Ковачевски курсот на Харвард го прикажувал како факултетска диплома? Ако е точно, тогаш направил класична лага и манипулација на јавноста, бидејќи ваквиот курс е скапо платена кратка едукација платена со неколку десетици илјади евра, со кој може да се стекне секој граѓанин со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува“, тврдат денеска од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во тоа, според партијата на Мицкоски, се гледал „очајот на Заев да најде продолжувач на заевизмот“, па морал да го преставува Ковачевски како студент од Харвард „за да звучи уверлив, а тој бил само курсаџија“.
„Пиунот Ковачевски од курсаџија стана главен адут на Заев. Тажно, но вистинито“, велат оттаму.