Од бездомник до милјардер, животната приказна на ова младо момче, ќе ве остави без зборови

од Берта Китинска
270 прегледи

Тој се сеќава дека имало денови кога сè изгледало како пекол.

Таихеи Кобајаши премина од спиење на улиците во Токио до водење технолошка стартап компанија вредна милијарди.

Неговата приказна за богатење е една од најневеројатните. Компанијата на Кобајаши им помага на стартапите и другите компании да дизајнираат и да создадат нов производ, таа излезе во јавноста во јули и оттогаш нејзината вредност на акциите е тројно зголемена, што никој не можеше да го замисли пред 20 години.

Кобајаши објаснува дека неговите родители го избркале од куќата кога имал 17 години и кога заминал од престижно средно училиште за да се фокусира на музиката што ја направил со неговиот бенд, пишува Блумберг.

Тој ги минуваше ноќите на улица користејќи картонски кутии за да го загрее за време на ледените зимски ноќи. Живееше така година и пол.

Некои од луѓето што ги запознаа му помогнаа да добие интервју за работа. Наскоро тој стана еден од основачите на компанијата Сан од Виетнам во 2012 година, и сега е нејзин шеф.

– Зимите беа студени – вели Кобајаши, сега 37-годишникот се сеќава дека имало денови кога сè изгледало како пекол.

Тој објаснува дека неговите родители не можеле да се помират со фактот дека тој не сака да заврши средно училиште, затоа што тие направиле планови за него што вклучува и колеџ по училиште.

– Ми рекоа да заминам, па затоа заминав, сакав да го работам она што го сакав во животот – вели тој.

На 19-годишна возраст, менаџерот на еден клуб се сожалил и му понудил работа и место за спиење во клубот, што го правел во следните шест години, пред да одлучи дека е време да се продолжи понатаму. Прво заработи пари тргувајќи со музика преку Интернет, а потоа наиде на оглас за вработување во кој не беа потребни квалификации, само требаше да положи тест.

По шестчасовно тестирање на знаење по прашања од математика, логика и IQ, Кобајаши беше прифатен во компанијата и стана програмер.

Таму го запознал Макот Хираи, еден од основачите на компанијата Сан. Тие сфатија дека има многу луѓе кои се добри програмери, но не толку многу од нив, кои исто така знаат како да развијат деловен модел за некого.

Кобајаши се пресели во Виетнам во 2012 година за да најде соработници.

Со текот на годините, компанијата го разви својот бизнис и сега има повеќе од 70 клиенти, и тие се повеќе соработуваат со големи компании.

Слични содржини