Од болка до надеж: Младите од Кочани со конкретни проекти за иднината – поддржани од Сиљановска-Давкова

од desk4
184 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на младинската иницијатива „Support Kocani“, кои изразија решеност да помогнат во надминување на последиците од трагичниот пожар на 16 март. Младите предложија конкретни проекти за заживување на Кочани, меѓу кои се отворање дисперзирани студии, подобрување на противпожарната и здравствената служба и формирање младински центар со психолошка поддршка и едукативни активности. Претседателката ја поддржа нивната иницијатива и најави покровителство и признанија за најзаслужните, нагласувајќи дека Кочани треба да стане симбол на обновување и солидарност.