Од денес IQOS достапен и во Куманово

од Vladimir Zorba
425 прегледи

Иновативниот уред IQOS (ајкос) од денес е достапен и во Куманово, во продажниот објект Павел тобако 2 во центарот на градот.

IQOS е електронски уред кој го загрева, но не го гори тутунот. Бидејќи се избегнува процесот на согорување, при неговото користење се испушта до 95% помалку штетни состојки од оние кои се создаваат со пушењето.

Toа е производ на кој Филип Морис работи повеќе од една деценија. Резултат е на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис Интернешнл, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Повеќе од 12 милиони возрасни пушачи во 64 земји во светот избраа да престанат да пушат и да преминат на IQOS. На овој начин се грижиме за создавање свет без чад, нудејќи им на возрасните пушачи подобар избор, изјавија од компанијата.

Вакви зони веќе постојат во Скопје, во трите големи трговски центри – Сити Мол, Рамстор и Капитол. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку веб-продавницата.

Слични содржини