Ако сакате да ја искористите максимално оваа моќна енергетска можност на 8 август, важно е да бидете активен учесник во вашата сопствена реалност. Манифестацијата не е само пасивно чекање – туку свесен процес во кој преземаме одговорност за она што го создаваме, вели астрологијата.
Што е енергетскиот портал 8/8 и зошто е важен?
Овој датум носи силно вибрационо значење базирано на нумерологијата, астрологијата и законите на манифестација. Се верува дека токму тогаш имаме можност јасно да стапиме во контакт со нашата внатрешна сила, јасност на намерата и можност за реализација на она што најдлабоко го посакуваме.
Бројот 8 симболизира моќ, бесконечност, внатрешна сила и манифестација на изобилство. Кога тој број се дуплира, како на 8 август, се верува дека енергетскиот потенцијал е засилен и дека тогаш имаме директен пристап до повисоки фреквенции кои можат да поддржат лична трансформација и постигнување на целите.
Од 28 јули до 12 август, Лавската порта е отворена, но најинтензивната енергија се чувствува токму на 8 август. Исто така, се верува дека дури и по тој период постои „сенка“ на Лавската порта – период во кој вибрациите се сè уште присутни и чувствителни.
Во астролошката симболика, ѕвездата Сириус се поврзува со изобилство, духовно богатство, просветлување и божествена мудрост. Кога Сириус се усогласува со Сонцето, постои можност за подлабоки увиди, ослободување од старите обрасци и посилна врска со сопствениот потенцијал.
Посебен акцент се става на креативната енергија – онаа што потекнува од срцето, од вистинската желба на душата. Ова е моментот кога може да почувствувате потреба да се откажете од она што повеќе не ви служи и да се усогласите со нова верзија од себе. Лавот како знак владее со срцето, па затоа не е изненадување што овој портал го буди нашиот капацитет за автентичност, изразување, храброст и љубов.
Во овој период, многумина ќе почувствуваат олеснување, појасна визија за правецот на животот, како и потреба да направат промени што можеби ги одложувале долго време.
Како да ја искористите моќната енергија на порталот 8/8?
Ако сакате да ја искористите максимално оваа моќна енергетска можност, важно е да бидете активен учесник во сопствената реалност. Манифестацијата не е само пасивно чекање – туку свесен процес во кој преземаме одговорност за она што го создаваме.
Еве неколку конкретни чекори што можете да ги преземете за да се усогласите со оваа енергија:
1. Поставете јасна намера
Започнете со внатрешно фокусирање. Прашајте се себеси – што навистина сакам?
Изберете една намера што е чиста, автентично и поврзано со вашето срце.
Нека биде конкретна, позитивна и формулирана во сегашно време, како веќе да се случува.
2. Запишете ја вашата реализација
Запишете ја вашата желба на хартија – рачно, а не на мобилен или лаптоп. Физичкото пишување ги активира другите делови од мозокот и го поддржува процесот на реализација. Бидете свесни за значењето на секој збор додека пишувате – дозволете вашата енергија да биде присутна во секоја буква.
3. Кажете го гласно или визуелизирајте го
Кажете ја вашата намера гласно или визуелизирајте ја. Чувствувајте се како да е веќе реалност. Како би се чувствувале ако вашата желба веќе се остварила? Дозволете вашите чувства да го преплават вашето тело – тоа е клучот.
4. Ослободете се од очекувањата
Откако јасно ќе го изразите она што го сакате, важно е да се ослободите.Не бидете приврзани за тоа како, кога или на кој начин ќе се случи нешто. Довербата е клучен елемент. Верувајте дека вашата реализација е веќе во процес.
5. Користете ја поддршката од природни елементи
Ако имате тенденција да работите со кристали или растенија, овој период е особено корисен:
Цитрин – поврзан со изобилство, јасност и самодоверба,
Килибар – има смирувачки ефект, ја поддржува стабилноста и внатрешната сила,
Жалфија – растенија кои го прочистуваат просторот и го хармонизираат енергетски.
Можете исто така да направите мал ритуал – запалете свеќа, седнете во тишина, држете кристал во раката и фокусирајте се на вашето срце. Не треба да трае долго – намерата е важна.
Зачекорете во вашата моќ
Овој енергетски портал отвора можност да „зачекориме во сопствената моќ“. Но, за да го направиме тоа, мора да се соочиме со она што најмногу го избегнуваме – самите себе. Вистината е дека сè започнува од нас. Ако сакаме промена однадвор, прво мора да ја направиме одвнатре.
Значи, додека овој енергетски портал е отворен, искористете ја можноста. Одвојте време за тишина, поставете намери, исчистете го просторот и мислите. Нека ова биде моментот кога ќе изберете да верувате во себе, во вашиот пат и во вашата моќ.
Енергетски портал 8.8. е силен потсетник дека промената е можна – ако ја отвориме вратата кон неа. Ова е покана да погледнеме во себе, да ги препознаеме нашите лични желби и храбро да чекориме кон она што нè повикува.
Не треба однапред да го знаете секој чекор. Доволно е да го направите првиот – со верба во себе.