Од денес за викендите влез од Косово во Албанија без контрола на премините

од Nikola Popovski
220 прегледи

Денеска почна имплементацијата на договорот меѓу Косово и Албанија, кој беше договорен на последната средба на двете влади, а се однесува на целосно отворање на границата за време на викендите во текот на летната сезона.

Од денеска до 30 септември при влез од Косово во Албанија и обратно нема да има вообичаени контроли на возила и документи.

На состанокот на двете влади е договорено од 1 јуни до 30 септември секој викенд граѓаните да ја минуваат границата без потреба од проверка и контрола на документите за да избегнат гужви и чекање за излез или влез.

Слични содржини