Од денеска Кина претседава со Советот за безбедност: Приоритет е конфликтот на Блискиот Исток

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Кина ќе даде приоритет на решавањето на палестинско-израелскиот конфликт и одржливиот мир за време на едномесечното претседавање со Советот за безбедност, кое започна денеска, соопшти кинеската мисија во ОН.

„Прашањето на Блискиот Исток и одржливиот мир ќе бидат приоритети на Кина“, објави мисијата на маргините на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин вчера изјави дека Кина отсекогаш стоела на страната на правдата и меѓународното право и дека во врска со палестинско-израелскиот конфликт, таа е посветена на напорите на меѓународната заедница да ги прекине непријателствата и да ги заштити цивилите.

Тој додаде дека Кина секогаш ќе се стреми да постигне сеопфатно, праведно и трајно решение за палестинското прашање и ќе работи неуморно за да го постигне тоа.

Слични содржини