Кина официјално стави крај на неколкудецениската политика “за семејството”. Промените стапуваат во сила од денес, а брачните двојки веќе ќе можат да имаат две деца. Промената е регулирана законски и се прави поради загриженоста дека нацијата старее и работната сила на земјата се намалува.
Спорната политика за семејствата да имаат само по едно дете беше воведена во 1979 година, за да се намали стапката на наталитет и да се забави растот на населението.
Така беа спречени околу 400 милиони раѓања оттогаш досега. Паровите кои ги прекршуваа ограничувањата подлежеа на казна: парична казна, губење на работа и принуден абортус.
Откако социолозите и демографите изразија загриженост од зголемувањето на социјалните трошоци и недостатокот на работна сила, во некои кинески провинции беа воведени олеснувања.
Комунистичката партија во Кина започна официјална промена на политиката пред две години, овозможувајќи им на некои парови да имаат две деца – ако некој од нивните родители е единствено дете, а за семејствата на село – ако првото дете е девојче.
Британците ги финансираат своите деца до 31-годишна возраст
Во моментов населението на Кина е околу 1,3 милијарди луѓе. Според податоците на ОН до 2050 година во комунистичката земја ќе има речиси 440 милиони луѓе на возраст над 60 години.
Пред три месеци кинески весник прогнозира дека политиката за едно дете ќе биде прекината до крајот на 2015 година.
Одлуката да се стави крај на забраната на семејствата да имаат повеќе од едно дете беше најавено во последниот ден на Петтиот пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.
Со измените кои стапуваат во сила од денес, кинеските семејства веќе ќе можат да имаат две деца, но не повеќе.
