Од денеска режим на неработни денови во Москва со цел сузбивање на короната

од Nikola Popovski
359 прегледи

Денеска Москва влезе во режим на неработни денови со цел сузбивање на коронавирусот, во време на рекордно ниво и број на нови инфекции и смртни случаи од последиците од заразата.

Русија, која има убедливо најмногу смртни случаи од коронавирус во Европа, објави 1.159 смртни случаи во претходните 24 часа, што е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.

За да го забави ширењето на вирусот, рускиот претседател Владимир Путин нареди прекин на работата повеќето државни институции и приватни компании од 30 октомври до 7 ноември.

Путин ги охрабри најтешко погодените региони порано да воведат режим на неработен ден.

Од денеска во Москва се затворени градинките, училиштата, спортските сали, забавните објекти и повеќето продавници, додека рестораните можат да служат само храна за одземање.

Работат продавниците за храна, аптеките и потребните комунални служби.

Влезот во музеи, театри, концертни сали и други слични објекти е ограничен и дозволен само за вакцинирани и излечени од коронавирус, што ќе важи до 7 ноември. На невакцинираните над 60 години им е забрането да излегуваат од дома.

Русија денеска објави повеќе од 40.000 нови инфекции во последните 24 часа, што го урна претходниот рекорд, исто така оваа недела.

Надлежните ја обвинуваат слабата реакција на граѓаните на вакцинацијата против ширење на вирусот. Од 146 милиони Руси, само 49 милиони се целосно вакцинирани.

Слични содржини