Градските власти во Венеција почнуваат да наплаќаат влезници за туристите кои доаѓаат во еднодневна посета на стариот град, со цел да го намалат притисокот од масовниот туризам.
Почнувајќи од денеска, посетителите за прв пат ќе треба да издвојат пет евра за билети, пренесуе АФП.
Венеција е една од најпопуларните туристички дестинации во светот, со 3,2 милиони посетители кои преноќиле во 2022 година. Дневно пристигнуваат десетици илјади туристи, главно од бродови за крстарење.
Целта на наплатата на билетите е да се убедат посетителите да дојдат во потивки периоди, со цел да се намалат огромните гужви.
Новата шема се следи внимателно, со оглед на зголемениот број посетители на туристичките дестинации ширум светот, кои им помагаат на економиите на земјите, но потенцијално ги загрозуваат екосистемите и историските места.
Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, ја опиша новата шема како експеримент спроведен за прв пат во светот. „Нашата цел е да ја направиме Венеција попогодна за живеење“, им рече Бруњаро на новинарите претходно овој месец.
Доколку посетителите не купат билет, ризикуваат казна од 30 до 500 евра доколку бидат фатени без неа.
Билетите ќе се продаваат само при влез во стариот дел на градот, без повеќедневен престој во хотели, деца до 14 години и лица со посебни потреби.
Група активисти во Венеција организираа протест против влезните такси во градот, нагласувајќи дека сакаат поинаква визија за градот, која не го става туризмот во преден план. Жителите на Венеција се револтирани бидејќи сметаат дека наплатата за влез во градот нема да го реши проблемот со масовниот туризам.
УНЕСКО ја вклучи Венеција на листата на заштитено културно наследство уште во 1987 година.