Од денеска во Хрватска – секој што ќе остави животно оди во затвор

од Симе Стоиков

Во Хрватска денеска стапија на сила измените на Кривичниот законик, а со нив и долгоочекуваните позитивни промени во заштитата на животните, јавува N1 Загреб.

Напуштање на домашно милениче, домашно или диво животно ќе се пријавува во полиција или до општински државен обвинител. Казната е до една година затвор или до две години ако напуштањето предизвикало смрт на животно или биле напуштени поголем број животни.

Казните за кривичното дело убивање и мачење животни се зголемуваат на затворска казна до две години или до три години доколку овие кривични дела се сторени за профит. Исто така, на злоставувачите и убијците на животни отсега може да им се изрече мерка за безбедност, забрана за чување и стекнување животни, во период од една до пет години, јавува Н1 Загреб.

Сите горенаведени предлози се сугестии кои здружението „Пријатели на животните“ ги испрати до Министерството за правда и администрација при работата на измените на Кривичниот законик.

Слични содржини