Од Државниот завод за статистика денес ќе обелоденат дел од Методологијата за пописот

387 прегледи

Денес ќе биде оддржана прес конференција од страна на Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, заедно со неговиот заменик, Илми Селами во однос на Методологијата за подготовка, организација и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во С.Македонија 2021. година.

За потсетување, Собранието на 21. јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија, според кој пописот треба да се спроведе од 1-ви до 21 април годинава, според меѓународните стандарди и стандардите на Евростат.

Исто така, опозицијата останува при својот став, дека попис е неопходно да има, но треба да се оддржи или електронски или да се одложи за пролетта следната година.

Меѓудругото, Пендаровски пак, побара одложување на пописот за јуни или јуни годинава, на што премиерот одговори дека истиот предлог е вреден размислување.

Слични содржини