Од фабрика за марихуана за медицински цели украдени над 550 килограми марихуана

од Radmila Tasevska

Три лица физички нападнале вработен во обезбедувањето во фабрика за марихуана за медицински цели во атарот на гостиварското село Чегране по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија и од фабриката одзеле 41 вреќа со марихуана со вкупна тежина од 552,85 килограми марихуана.

Како што информира денеска МВР, кражбата била пријавена вчера во 23 часот во Одделението за внатрешни работи во Гостивар.

-Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени. Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Претходно,л на 4 октомври годинава од страна на ОКП, по извршена вонредна контрола и претрес со судска наредба, во координација со Комисијата за оценување исполнетост на условите во однос на просторот, опремата и кадарот за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство биле констатирани неправилности во работењето на фабриката, одземените насади канабис биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, по што била поднесена кривична пријава против правното и одговорното лице согласно Законот за контрола на опојни дроги и покрената постапка за одземање на лиценцата.

Слични содржини