Од февруари ќе се изучува македонскиот јазик на Универзитетот во Тирана

од Radmila Tasevska
199 прегледи

Во февруари следната година ќе започне наставата по македонски јазик на новоотворениот Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

Оттаму посочуваат дека наставата ќе ја одржува новоизбраната лекторка д-р Славица Свидерска и дека се во тек процеси на одредување на статусот на предметот Македонски јазик.

На иницијатива на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, проф. д-р Кристина Николовска, како што се посочува во соопштението, Лекторатот, покрај редовната настава ќе овозможи и бесплатни онлајн часови по македонски јазик за почетно ниво за заинтересираните студенти од Универзитетот во Тирана.

Наскоро се планира и официјализирање на соработката и средба на претставници од двата универзитети во Тирана и официјално реактивирање на Лекторатот по македонски јазик во Тирана.

Слични содржини