Со претседтаелски указ од функција е разрешен директорот на Централната банка на Турција, Мурат Четинкаја. На негово место е назначен досегашниот заменик Мурат Јусал.

Засега нема информации за официјалната причина за промената во раководството на банката. Според западни медиуми промената е најверојатно поради несогласувања меѓу Четинкаја и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.