Од Гагарин до денес – кој поминал најмногу време во вселената (инфографик)

од Vladimir Zorba

Денес се одбележува историското достигнување на Јуриј Алексеевич Гагарин, кој стана првиот Русин во вселената на 12 април 1961 година.

Гагарин беше лансиран во вселената со ракета Восток 1 од космодромот Бајконур во Казахстан, по што ја обиколи Земјата 108 минути пред да слета безбедно на југоистокот на Русија. Летот беше триумф на Советскиот Сојуз што ја илустрираше неговата технолошка способност. Гагарин стана херој и до денес е една од најценетите личности во Русија, предмет на безброј статуи, фрески и уметнички дела. За жал, Гагарин почина само седум години по неговото историско достигнување кога неговиот авион МИГ-15 се сруши под неразјаснети околности.

Со својот лет, Гагарин го отвори патот за стотици бестрашни астронаути кои тргнаа по неговите стапки, а Меѓународната база на податоци за астронаути во Центарот за меѓународни и стратешки студии соопшти дека повеќе од 500 луѓе од скоро 40 земји патувале во вселената од 1961 година.

Бројот на луѓе што отишле во орбита го достигна својот врв во 1985 година, кога дури 62 беа лансирани во вселената, од кои 58 беа мажи, а четири жени. Иако во истражувањето на вселената доминираа мажите, со текот на годините се повеќе жени летаа кон бесконечниот простор, што јасно може да се види на инфографикот, кој исто така ги покажува сè поретките патувања помеѓу 2010 и 2020 година.

И додека патувањето на Гагарин траеше само 108 минути, некои астронаути останаа во вселената неколку месеци. Русинот Генадиј Падалка во моментов го држи рекордот со најмногу денови поминати во вселената, а за време на пет мисии тој беше во орбитата дури 878 дена. После него, со повеќе од 800 дена во вселената можат да се пофалат Русите Јуриј Малаченко и Сергеј Крикалев. Американската астронаутка Пеги Витсон е првата личност надвор од поранешниот СССР што се најде на оваа листа со поминати 665 дена во вселената, што ќе ја постави на деветтото место веднаш под Фјодор Јурхикин, кој „горе“ помина 672 дена.

Слични содржини