Од гром загинаа 11 лица додека правеле селфи

од Берта Китинска
325 прегледи

Најмалку 38 лица загинаа од удари на гром во две индиски држави во претходните 24 часа, соопштија во понеделникот властите.

Во западната држава Раџастан 11 лица загинаа во удар на гром во античката тврдина Амбер, соопшти полицијата.

Висок полициски инспектор изјави дека некои од жртвите правеле селфи на врвот на тврдината кога доцна синоќа ги погоди гром, додека во одделни удари на гром беа убиени уште најмалку девет лица, а 20 беа повредени.

Во Утар Прадеш загинаа 18 лица, претежно земјоделци кои работат на нива, изјави владин претставник.

Владите на двете земји објавија финансиски надомест за семејствата на жртвите и повредените.

Индиската метеоролошка служба предупреди на удари од гром во следните два дена.

Според официјалните податоци, повеќе од 2.900 луѓе биле убиени од гром во Индија во 2019 година.

Слични содржини