Академик Катица Ќулавкова, загрижена за статусот на македонскиот јазик, во едно интервју пред неколку дена ја критикуваше власта дека врши маргинализација на нашиот јазик. Ќулавкова или не е информирана за активностите што ги прави Министерството за култура за промоција на јазикот во светот, или свесно ги премолчува фактите, пишува порталот „Рацин“.
Се потенцира дека македонски јазик се изучува на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, а Катедра за македонски јазик и Лекторат по македонски јазик од оваа година започнаа со работа и на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет.
-Македонистика се изучува на Универзитетот во Љубљана, на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска, на унгарскиот универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта, на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, кој заедно со Филозофскиот факултет во Загреб е еден од центрите на македонистиката во Хрватска, пишува порталот.