Од ковид-19 почина македонскиот актер Луран Ахмети

од Берта Китинска
563 прегледи

Актерот Луран Ахмети почина денеска во Скопје на 45 годишна возраст, како последица од корона вирусот. Здравствената состојба на Ахмети се влошила пред неколку денови и бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но ја загуби битката со болеста.

Луран Ахмети беше дел од Албанскиот театар во Скопје и учествувал во многу филмски проекти и зад себе остава богата уметничка кариера.