Од МНР потврдија: Фрчкоски, повикан на консултации во МНР

од Milan1
124 прегледи

Македонскиот амбасадор во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски, е повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, потврдуваат од МНР.

-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во ОН, Љубомир Фрчкоски е повикан на консултации во Министерството – велат оттаму.

Од Министерството информираат дека за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено известена.

Телевизија Канал 5 вчера објави дека Фрчкоски е повикан на консултации во Министерството, а како причина за неговото враќање, „освен конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од Министерството е и нотирана финансика недисциплина – затајување на материјални средства од сукцесија на објекти, како и трошење финансии спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните – претставништва“.

Слични содржини