Од МВР до ОЈО ќе се оддржи протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“

395 прегледи

За денес е закажан протестниот марш, од страна на платформата за родова еднаквост, посветен на жртвите на „Јавна соба“.

Маршот е закажан за 14:30, а истиот ќе започне од Министерството за внатрешни работи, па до Основното јавно обвинителство.

„Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот ‘Јавна соба’, кој претставува кривично дело, во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и за сите членови што праќале и сè уште праќаат фотографии и им пишуваат лични податоци на девојки и жени. Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции. Неколку приведени членови и санирањето на штетите нема да нè замолчат“, се вели во повикот на социјалните мрежи.

Како што велат, на двете локации ќе бидат оддржани говори и ќе бидат охрабрени сите кои се жртви на оваа апликација, да соверат сила и проговорат, со цел да се дојде до правда. Организаторите велат ова е шанса институциите да покажат дека се залагаат за женските права и тоа не само декларативно, туку и во пракса.

Исто така, од таму посочија дека на маршот ќе бидат регулирани сите безбедносни мерки и ќе се носат заштитни маски, како и тоа дека ќе се оддржува дистанца.

Слични содржини