Здружението „Од нас за нас“ јавно се извини на „ХЕРА“ по изнесените информации дека поглавјето „Обезбедување родова сензитивност/рамноправност“ од Концепцијата на МОН, за која МОН и сите други „релевантни“ институции и организации, организирано молчат
-Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста дека навистина сексуалното образование е изборен предмет во IX-то одделение, но исто така што информиравме и за поглавјето „Обезбедување родова сензитивност/рамноправност“ од Концепцијата на МОН, за која МОН и сите други „релевантни“ институции и организации, организирано молчат! (http://bit.ly/3jjrNtE).
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што и покрај предочувањето на овие информации на јавноста, ниту тие, ниту МОН, не излегоа подетално да им објаснат на јавноста што значи ова поглавје, туку организирано пристапија кон дискредитација на Здружението! (http://bit.ly/3jku2gh, http://bit.ly/3rryv3C).
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста дека IPPF (чија членка е ХЕРА), дефинира дека Сексуалното Сензитивно Образование (ССО) е родово-сензитивно образование! (http://bit.ly/3jjrNtE).
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста за искуството во регионот од обидот да се воведе родово-сензитивно образование во училиштата и што во нивниот случај значело: „Ваквите содржини се застапени во наставните програми на сите предмети каде што тоа е можно…“ – цитат од поглавјето „Обезбедување родова сензитивност/рамноправност“ од Концепцијата на МОН! (http://bit.ly/39PHmWG).
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста за тоа како државите од регионот се соочиле и се избориле против задолжителната „родова сензитивност“ во образованието и воопшто сексуалното образование! (http://bit.ly/39PHmWG, http://bit.ly/3oS52OG, http://bit.ly/3jjrNtE)
Јавно им се извинуваме на ХЕРА и за тоа што ја информиравме јавноста за искуството со ССО во Америка, Канада, повеќе држави во Европа! (http://bit.ly/36JSWke, https://bit.ly/3oPPzOV)
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста дека постои најнов Преглед од глобално истражување од декември 2019 година, со кој се прави „Преиспитување на доказите за сеопфатното сексуално образование во училиштата“, во кој преку анализа на повеќе од 100 програми за ССО е заклучено дека „доказите најдени во меѓународната база на податоци на УНЕСКО не го поддржуваат тврдењето дека сеопфатното сексуално образование или ССО во училиштата е ефективна стратегија за јавното здравје“. Исто се извинуваме што на овој преглед е потпишан и еден доктор на науки со титула Ph.D. – официјално призната титула за највисоко научно звање! (https://bit.ly/3oPPzOV, http://bit.ly/2O1EopA)
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста за препораките на СЗО, СЕИКУС, ОН, IFFP и други организации, а кои се косат со нашите морални убедувања и кај нас предизвикуваат чувство на згрозување! (https://bit.ly/3oPPzOV)
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста дека наставните програми на „сестринските“ организации на ХЕРА (членови на IPPF), а и самата ХЕРА, промовираат различна дефиниција за полот и родот која има за цел да ги научи децата од најмала возраст дека можат да бидат машко, женско, ниту едно или и двете, во зависност од тоа како се чувствуваат, што е спротивно на моралното и верско убедување на најголемиот дел граѓани на Република Македонија!
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста дека наставните програми на „сестринските“ организации на ХЕРА, Планирано Родителство и/или IPPF, исто така промовираат експлицитни сексуални содржини за деца од 10-годишна возраст и дека од една страна промовираат „право на абортус“, а од друга страна нудат услуги за абортус! (http://bit.ly/3jjrNtE, https://bit.ly/3cLeMI4).
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што на основа на сите претходно изложени и документирани информации, на основа на нашиот разум и расудување, не можевме, а да не резимираме дека сите овие информации водат кон тоа дека може да се заклучи дека организациите кои го промовираат ССО се залагаат за тоа што претходно е наведено дека се залагаат! (https://bit.ly/3cLeMI4)
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што сите информации и извадоци на документи кои ги објавуваме целосно ги документираме со изворите на истите затоа што ние сметаме дека нашите сограѓани не се глупави, туку дека се доволно зрели, разумни и паметни самите да расудат што е добра, а што лоша информација и да не креваат паника, доколку за тоа нема потреба!
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што не постои посебен регистар на „научни и релевантни организации“, затоа што согласно Уставот секој има право на свое верско и морално убедување кое ќе го формира на основа на сите достапни информации!
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што од нас бара извинување за информации кои не сме ги објавиле, односно информации кои ХЕРА ги извадила од контекст!
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што нашите деца ни се целото наше богатство, па не можеме да подлегнеме на насилничките методи и закани на замолчување!
Јавно им се извинуваме на ХЕРА што нејзиниот углед не можеме да го заштитиме со криење на сите овие информации, доколку цени дека овие информации и наштетуваат на нејзиниот углед!
ХЕРА и МОН во неколку наврати се обидоа преку ширење лажни информации и манипулација на јавноста да го нарушат угледот на Здружението, но ние нема да се заканиме со тужба, затоа што за угледот можеме да придонесеме единствено самите без разлика на тоа што зборуваат другите за нас. Вистината секогаш победува!, соти во соопштението од здружението.