По реакцијата на Министерството за образование и наука, кое демантираше дека фотографиите навистина ќе бидат дел од програмата за второодделенците во рамки сексуалното образование, се огласи и Здружението „Од нас за нас“.
„Категорично ја демантираме министерката Мила Царовска дека шириме невистинити информации на фејсбук. Невистина е дека здружението ОД НАС ЗА НАС „прилепило илустрации на делови од Концепцијата“.
Здружението ОД НАС ЗА НАС нема тенденциозна намера да шири паника и да ја манипулира јавноста туку има за цел да ја информира јавноста за агендата на сеопфатното сексуално образование преку искуството на другите земји. Препорачуваме министерот Мила Царовска внимателно да ја прочита целата
објава пред да шири лажни и невистинити информации“, се вели во нивното соопштение.
Инаку нивниот цел текст може да го погледнете во продолжение, и како што велат од Здружението, сами да одлучите кој е во право.
СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ – ДАЛИ Е ОПРАВДАНО?
Дали ССО е оправдано ако 87% од вкупно 103 програми за ССО кои се…
Posted by Od Nas Za Nas / United We Stand Tall on Сабота, 30 јануари 2021