Од наследници до скандали: 9 настани кои го сменија животот на кралските семејства ширум светот

360 прегледи

Годината во одминување беше возбудлива за членовите на кралските семејства ширум светот, а ја обележаа слатки моменти, од раѓање до веридби. Меѓутоа, некои кралства доживеаја бројни непријатности и се вплеткаа во скандали, а ја дознаа и горката вистина, дека ѕидовите во внатрешноста на палатата не ги штитат од јавноста.

Ова се најголемите вести кои се читаа повторно и повторно, а можеби ќе доживеат епилог следната година.

1. Раѓањето на бебето Арчи

На врвот на најсреќните вести секако е раѓањето на новиот член. Арчи Харисон Маутбатен Винздор, првото дете на принцот Хари и Меган Маркл, беше родено во мај. Неодоливиот Арчи, кој е седми по ред за тронот, има портокалова коса, како и неговиот татко.

2. Шведскиот крал им ги укина титулите на внуците

Додека Хари и Меган одлучиле на својот син да не му даваат никаква титула, кралот на Шведска одлучил на внуците да им ги укине оние кои ги имале. Тоа значи дека повеќе нема да примаат средства од саночните обрзници и од нив нема да се очекува да извршуваат кралски должности.

3. Веридбата на принцезата Беатрис

Една година по свадбата на својата сестра, британската принцеза Беатрис објавила дека се свршила со специјалистот за недвижнини Едоардо Мапел Мозји. Се очекува дека свадбата ќе биде наредната година.

4. Меган прозборе за кралскиот живот

Војвотката од Сасекс Меган Маркл дала необична изјава за време на кралската турнеја по Африка со Хари, во која открија дека е тешко да се биде нова мајка во центарот на јавноста.

– Не многу луѓе прашаа дали сум добра, но е многу тешко да се носиш со тоа – рекла Меган воздржувајќи ги солзите.

5. Тензиите меѓу Хари и Вилијам

За време на посетата на Африка, принцот Хари откри дека постојат тензии меѓу него и неговиот постар брат Вилијам.

Оваа вест ги вознемири бројните фанови на кралското семејство. Запрашан да ги прокоментира шпекулациите за нивната караница, Хари рекол дека тој и неговиот брат се „на различни патишта“ и дека постојат „и добри и лоши денови“, но додал дека многу го сака својот брат и дека секогаш ќе бидат тука еден за друг.

6. Абдикцијата на јапонскиот цар

Јапонскиот цар Акихито абдицираше во април, со што стана првиот монарх кој се повлекол од тронот во 200 години.

Саканиот Акихито, кој наполни 86 години, имаше операција на срцето и се бореше со рак на простата во последните години. Како причина за повлекувањето ги наведе здравствените проблеми.

7. Новиот јапонски цар имал средба со богињата на сонцето

И за тоа потрошил 25 милиони долари. Царот Нарухито, цин на царот Акихито, учествувал во вековна стара церемонија како би го прославил доаѓањето на тронот.

8. Хари и Меган ги тужеа британските таблоиди

Меган Маркл го тужеше британскиот таблоид Mail on Sunday, тврдејќи дека објавиле приватно писмо кое го пратила до својот татко. Принцот Хари, третманот кој го добива неговата сопруга од таблоидите, го споредил до оној на неговата мајка.

9. Принцот Ендрју вплеткан во скандалот со милијардерот педофил Џефри Епштајн

Британскиот принц Ендрју се повлече од кралските должности по интервјуто за BBC во ноември во кој борувал за своето пријателство со обвинениот сексуален престапник Џефри Епштајн. Една од жените која го обвини Епштајн за сексуално малтретирање тврди дека била приморана да има секс со принцот додека била малолетна.

Ова тврдење принцот го негираше повеќе пати. Меѓутоа, многумина го критикуваа поради ова, а многу здруженија и фирми пресекоа во врска со него, поради што палатата морала сама да ја санира штетата.

Слични содржини