Од недела задолжителен ПЦР тест за влез во Грција за сите патници

од Nikola Popovski
206 прегледи

Грчките здравствени власти донесоа одлука да се дозволи влез со земјата со задолжителен негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето за патниците од сите земји кои пристигнуваат во Грција.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека одлуката е „во рамките на напорите за контрола на пандемијата на Ковид-19″, ќе стапи во сила во недела наутро, а исклучок има за патниците кои во земјите престојувале помалку од 48 часа.

Мерката ќе стапи во сила во недела наутро.

Мерката важи за сите патници без разлика дали се вакцинирани или не и без разлика на кој начин пристигнуваат во Грција.