Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а на моменти ќе има и засилување на ветерот. Дневната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Во Скопје: Слично, со слаб до умерен ветер од северен правец и т-ра околу 8 степени.
Снежна покривка: 65 Маврови Анови, 48 Крушево, 12 Охрид, Претор Пожаране, 4 К. Паланка, 2 Дебар и Пожар и 1 Берово, Виница и Тополчани.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2): 11 Охрид, 5 Дебар, 4 Гевгелија, 3 Струмица, Берово, Пожаране, 2 Скопје-З. Рид, К. Паланка, Претори, 1 Куманово, Тетово, Виница, Пожар.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА:
Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:
-7 М. Анови, -4 Крушево, -2 К. Паланка, Претор, -1 Берово, Дебар, 0 Битола, Охрид и Куманово, 1 Прилеп, 2 Скопје, Тетово, Штип, Д. Капија, Струмица и Виница, до 3 степени во Кавадарци и Дојран.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а на моменти ќе има и засилување на ветерот. Дневната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Во Скопје: Слично, со слаб до умерен ветер од северен правец и т-ра околу 8 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Врнежите ќе бидат повеќе застапени во западните и северните делови делови, при што околу пладне и попладне врнежите ќе поминуваат во дожд освен на пониските и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено во источните делови од земјава. Во четврток преку денот, повторно ќе има преодно стабилизирање на времето. Но, ноќта четврток кон петок и петок претпладне ќе има нов поинтензивен влажен бран со врнежи претежно од дожд, на планините снег. Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер. За време на викендот ќе преовладува променливо време со повремен слаб локалн снег.
