Од овој месец сметките за струја со ознака дали броилото е прочитано или се работи за паушал

од Vladimir Zorba
464 прегледи

Граѓаните во јули ќе добијат сметка за струја со ознака дали броилото е прочитано или не. Доколку на сметката има ознака „О“ тоа значи дека броилото е прочитано. Ако пак броилото има ознака „М“ тоа значи дека се работи за машинско читање, односно фактурата содржи претпоставени вредности врз основа на историјата на потрошена електрична енергија на корисникот. Податокот се наоѓа на задната страна од фактурата, во делот „Податоци од броило“.

Од компанијата информираат дека согласно планот најголемиот дел од броилата ќе бидат отчитани и покрај тоа што во овој период на годината, за време на годишните одмори, се испорачуваат фактури за електрична енергија врз основа на историјата на потрошената електрична енергија.

Иако законската обврска за читање на броилата на броилата е еднаш во три месеци, над 85% од броилата се отчитуваат на месечно ниво, велат од компанијата.

Останува и можноста граѓаните сами да пријават состојба преку платформата „ЕВН Онлајн“ или во приемните канцеларии на Корисничките енерго центри, со достава во посебно обележани сандачиња, соопштија од ЕВН.

Слични содржини