Од план за масакр до депресија: Судбината на малолетниот Коста Кецмановиќ

од Илинка Илиоска
184 прегледи

На една година од трагичниот настан во училиштето “Владислав Рибникар” во Белград, каде малолетникот Коста Кецмановиќ изврши масакр, извештаите укажуваат на промена во неговото однесување. По периодот поминат во детска психијатриска клиника, изгледа дека Кецмановиќ се соочил со реалноста дека можеби нема да биде ослободен.

Извори на српските медиуми наведуваат дека Кецмановиќ, кој претходно планирал своето злосторство без да размислува за последиците. Тој сега покажува знаци на депресија и се повлекол во себе. На денот на годишнината од нападот, тој се однесувал нормално, но подоцна се забележало значително менување во неговата состојба.

Пред масакрот, Кецмановиќ очекувал дека ќе продолжи со својот живот како обично, но сега сфатил дека можеби ќе помине остатокот од својот живот во институција. Во текот на престојот во клиниката, тој покажувал агресивност и никогаш не изразил жалење за своите дела, споменувајќи дека ги сака само својата сестра и вујко.

На 3 мај претходната година, Кецмановиќ вооружен влезе во училиштето и започна да пука. Уби девет ученици и чуварот, а рани уште шест лица. Трагедијата предизвика дискусии меѓу јавноста за безбедноста во училиштата.

Според извештаите, Кецмановиќ не може да биде суден поради неговата возраст во времето на нападот. Неговиот татко е во притвор и се соочува со судење, додека мајката исто така се смета за одговорна за неговите дела.

Слични содржини