Од почетокот на војната во Украина, Германија конфискуваше 5,32 милијарди евра од Русија

од Radmila Tasevska
140 прегледи

Помалку од една година од почетокот на рускиот напад врз Украина, Германија запленила руски имот во вредност од 5,32 милијарди евра, соопшти германското Министерство за финансии за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Оваа сума вклучува бројни руски субјекти, вклучително и Централната банка на Русија, покрај поединци и компании на списокот со санкции на ЕУ.

Од министерството, сепак, не сакаа да одговорат колку се високи замрзнатите средства на таканаречените олигарси во Германија, додава „Велт“.

Слични содржини