Од почетокот на конфликтот во Појасот Газа на 7 октомври животот го загубија 22.722 Палестинци, соопшти Министерството за здравство во таа енклава.
Дополнително, во истиот период се повредени 58.166 Палестинци, пренесува Ројтерс.
Во последните 24 часа, според тамошното Министерство, животот го загубиле најмалку 122 Палестинци, додека околу 256 биле повредени.