527
Од погоните на фабриката „Брако“ во Велес во понеделникот беа испорачани двете турбински куќишта кои ги проектираше „Фероинвест“, а се наменети за новата хидроцентрала „Некра“ во Грузија.
Со Договорот за проектот кој што е финансиран од Европската банка за обнова и развој „Фероинвест“ беше задолжен за проектирање, изработка, транспорт, монтажа, тестирање и пуштање во работа на електро-машинска опрема за три хидроелектрани (ХЕ Ипари, ХЕ Келра и ХЕ Накра) во Грузија. Вкупната инсталирана моќност на трите хидроелектрани е 20 MW (мегавати).
Досега, испорачана е опремата за ХЕ Ипари и ХЕ Келра и тие проекти се пуштени во работа и успешно функционираат веќе две години.