Од полноќ стартуваат новите цени на горивата

261 прегледи

Од полноќ ново зголемување на цените на горивата, најави Регулаторната комисија за енергетика.

Имено, во согласност со методологијата за формирање на цените, од вечерва тие се зголемуваат за 0,15%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за половина денар, па еден литар 95-октански бензин ќе се продава по цена од 59.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 не се менува, и еден литар 98-октански бензин и понатаму ќе чини 61.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар, па еден литар дизел од вечерва ќе чини 51.50 денари.

Слични содржини