Од понеделник, пациентите во скопските поликлинии „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“, ќе можат да направат анализи во лабараторија со проверување на вредностите Д-димери и ЦРП, соопшти Министерството за здравство.
Од ресорното министерство информираат дека анализите се важни во следењето на здравствената состојба на пациентите болни од Ковид.
Инаку, во трите поликлиники, како што велат од следната недела ќе имаат посебен план, лицата кои треба да ја направат потребната лабараториска анализа и ќе дојдат на термини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти.
„Со овој начин им олеснуваме како на матичните лекари, така и на пациентите да не мора да одат во ковид центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена улуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување“, посочи директорот на Здравствен Дом Скопје д-р Виктор Исјановски.
Од МЗ истакнаа дека pоликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“ се подготвени со биохемиска апаратура и реагенси за изработка на бараната здравствена услуга.