Од пријатели до роднини. На светот добро му е познат љубовниот пар Чендлер и Моника од култната серија „Пријатели“. Отпрвин беа само пријатели, а на крајот од серијата се венчаа.
Но, во реалниот живот, актерката Кортни Кокс (56) и актерот Метју Пери (51) всушност се чини дека се далечни братучеди.
Моника и Чендлер, соодветно Кортни и Метју се братучеди во 11-та генерација, според генеалошката веб-страница „MyHeritage“. Според извештајот, и двајцата се во роднинска врска со Вилијам Осберн Хаскел III. и Елен Хаскел, брачна двојка која живеела во Англија во 17 век. Според изворите, Елен и нејзините двајца браќа се доселиле во Америка во 1635 година, а Пери е во крвна врска со нејзиниот син Вилијам, чиј брат Роџер е директен предок на актерката Кокс.
Но, според истражувачот на MyHeritage, Рои Мандел, има смисла што повеќе генерации се враќаат назад, толку се поголеми шансите луѓето да бидат во сродство.
– Влеговме во оваа линија многу длабоко, го проверивме секое име. Најдовме многу записи што го поддржуваат ова и веруваме дека тие се поврзани – коментира раководителот на истражувањето за случајот на познатите актери.
Курни и Метју ги толклуваа улогите на Моника и Чендлер, двојка која ги воодушеви љубителите на серијата „Пријатели“ уште во 90-тите години на минатиот век, кога беше снимен овој серија.Оваа култна серија беше создадена од Дејвид Крејн и Марта Кауфман и за прв пат беше емитувана во 1994 година .
Десет години, но и десет сезони подоцна, престана да се емитува, но во 2020 година тие најавија враќање. Нова епизода од денес е достапна на платформата за стриминг HBO Max.
Во епизодата „Пријатели: Соединувањето“, актерската екипа уште еднаш ќе ги посети сетовите од оригиналната серија како што се становите на познати пријатели, кафулето „Централ Перк“ и фонтаната од воведниот шпиц.