Под раководство на градоначалникот Костадин Костадинов, во тек е подготовка на историски договор со кој струмичките пожарникари-спасители од септември ќе станат најплатените и најценетите во цела држава.
Платата на секој пожарникар ќе достигне 80.000 денари, надополнета со, исплата на хранарина, исплата на прекувремена работа, надоместоци за ноќни и ризични смени, целосно покриени трошоци за паркинг и јавен превоз
„Овие луѓе не се статистика. Тие се оние кои трчаат кога сите бегаат. Минималното што можеме да направиме е да им ја вратиме честа и достоинството“, изјави Костадинов.
Градот веќе ги набави: нови теренски возила, современи камиони за интервенции, заштитна опрема по европски стандарди
„Ова не е маркетинг. Ова е државност во пракса. Ова е признание дека без мотивирани и храбри луѓе – нема безбедна заедница. Јас нема да дозволам хероите да живеат како анонимуси, изјави Костадинов
Додека некои дебатираат дали има пари, Струмица покажува дека каде што има волја – има и пат. Ако правната рамка го дозволи, договорот ќе стапи на сила од 1 септември 2025 година.
„Само со мотивиран и одбран тим, Струмица може да биде сигурна, стабилна и подготвена. Ова е мојата лична благодарност до секој пожарникар“, порача градоначалникот.