Oд сексот се станува попаметен

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Ако сè уште ви недостасува мотивација да се придавате на љубовни милувања, тогаш можеби едно истражување ќе го промени тоа. Научниците од италијанскиот универзитет во Павија тврдат дека повеќе секс нè прави поинтелигентни, пишува Daily Star.ae0d6a69cf56f6f2a2f029be5c3f9f66

Истражувањето опфатило 2.000 мажи и жени и оние кои редовно воделе љубов, покажале побрза мозочна активност. Во моментов се спроведува истражување и врз луѓе на возраст 60-70, за да се види дали и секс активноста може да се покаже како превенција против деменција.

И ако овие причини не се ви доволни да се нафрлате почесто на вашиот партнер, еве ви уште неколку:

1. Сексот ве прави поубави. За време на актот се произведува поголемо количество женски хормон естроген, кој ја прави косата и кожата поздрава и мека.

2. Помага за одржување на формата. Да, тоа е физичко оптоварување и согорува калории.

3. Ја лекува депресијата. При секс се ослободува ендорфин кој е хормонот на среќата. Кој не сака постојано да е среќен?

4. Подобар од смирувачите. Докажано е дека е речиси 10 пати поефикасен од валиумот.

5. Нè прави поздрави. Верувале или не, сексот е природен антихистаминик. Помага при астма и пролетни алергии. Го тонизира мозокот и мускулите и успешно се пребродува главоболката.