Лорен Санчез на својот вереник Џеф Безос му приреди голема забава по повод неговиот 60-ти роденден на која се собраа бројни големи ѕвезди и познати личности, а гостите ги пречека одлична забава и интересни избори на храна, но фотографирањето било забрането.
За да ја зачува приватноста на семејството и пријателите, Санчез ги замолила гостите да ги остават своите мобилни уреди при влезот, па фотографирањето не било можно.
Санчез се потрудила за роденденот на својот иден сопруг, поставувајќи реплика од првата канцеларија на Безос во „Амазон“ со неговиот оригинален стол.
Забавата се одржала во замок во Беверли Хилс, а на листата на гости се најдоа многу познати имиња, меѓу кои Опра Винфри, Ким Кардашијан, Бил Гејтс, Кендал Џенер, Хејли Бибер и други. Присуствувале и Кети Пери и Орландо Блум, со кои парот годинава го посети Дубровник.
Извор за „Дејли мејл“ открил дека понудата на храна на роденденската забава била разновидна, па секој можел да најде нешто за себе. Менито вклучувало скап кавијар, но и храна од „Мекдоналдс“ во чест на првата работа на милијардерот кога имал 16 години.