“Американскиот измеркан Борисов веќе го отпиша Груевски”.
Го плеткаме името на Бугарија во македонската криза. Во написот на Стефан Влахов Мицов, објавен во Нетпрес, а го цитира dnes.bg, се тврди дека претставници на Бојко Борисов понудиле “спасение” на Македонија преку конфедерација со Бугарија.
Во публикацијата под наслов: “Долу рацете од Македонија!” се вели дека за разлика од останатите соседи – Грција, Албанија и Косово, Бугарија “ќе предложи” поддршка”. Но, само што таква” поддршка “, како и во минатото, ќе биде, за да ја грабне територијата на цела Македонија. Или ако не може целата, барем источниот дел”.
“Во моментов, како и минатата година, бугарската војска одржува вежби ВО БЛИЗИНА НА македонската граница. Но тогаш – околу 18 мај, тоа се правеше отворено, а сега – тивко . Сеедно станува збор за предислоциране на трупи “, пишува авторот.
Тој тврди дека пред некое време “претставници на бугарскиот премиер Борисов оствариле средба со висок македонски функционер. На оваа средба бил направен предлог за “спасување” на Македонија преку конфедерација со Бугарија, составена од бугарско и македонско Собрание и општо главно раководство. Како на пример што функционира Босна и Херцеговина “.
Според авторот “македонската страна треба да ја регистрира” Партијата на македонските Бугари “, а во замена за сето тоа овој висок македонски функционер требало да стане иден премиер. Груевски требало да биде елиминиран. Во оваа врска не е случајна изјавата на премиерот Борисов:” На Груевски не сакам дури “Добар ден” да му кажам, ја избегнувам средбата со него “, вели Стефан Влахов Мицов.
Очигледно, пишува авторот, “американскиот измеркан” Борисов веќе го отпиша Груевски.
Според Мицов не е случајно барањето од бугарскиот министер за надворешни министер Митов од Солун пред неколку дена дека “политичката ситуација кај вас не дава оптимизам дека наскоро ќе биде потпишан договор за пријателство со Бугарија”.
Нели на една конфедерација таков договор е непотребен, оценува авторот на публикацијата. Бугарите, пишува тој, како и многу пати досега во однос на Македонија, си става тава додека рибата се уште е во морето.
“Не треба сепак да бидеме слепи и глуви за странските служби и диверзанти кои крстосуваат низ Македонија”, пишува авторот и додава дека “независна Македонија нема потреба од ментори”./извор dnes.bg
