Неодамна апсењето на Вељко Беливук и криминалните групи поврзани со него привлече големо внимание на српската јавност. За време на истрагата, откриено е дека тие ја користеле платформата за комуникација Sky Ecc. За каква апликација станува збор и што ја прави толку посебна?
Тоа е платформа за комуникација преку мобилни телефони. За почеток, треба да се напомене дека Sky Ecc не може да се инсталира на кој било телефон, туку само на одредени модели на iPhone, BlackBerry и Google Pixel.
Пристапот до употребата на оваа апликација се плаќа, во зависност од тоа колку долго ќе се користи – се нуди за три месеци, половина година или една година, а цените на лиценците се движат од 600 до 2.200 евра.
Поентата на Sky Ecc платформата е дека таа е дизајнирана да им обезбеди максимална приватност и безбедност на своите корисници – има толку силно шифрирање што дури и производителите тврдат дека не можат да ги дешифрираат пораките.
Дури и ако некој дојде до телефонот на кој се наоѓа Sky Ecc, тешко дека ќе има пристап до податоците на него. Главната причина за ова е што не се наоѓа на екранот, туку може да ѝ се пристапи само со внесување на одредена лозинка. Секој што не ја знае лозинката не може да пристапи до неа.
Во светот на технологијата, ретко да може нешто да се каже со сигурност, па така и во овој случај. Иако е вистина дека конвенционалните средства за дешифрирање не можат да ја пробијат заштитата на платформата Sky Ecc, тоа не значи дека не е невозможно.
„ECC“ е кратенка за „Криптографија на елиптична крива“ (Elyptic Curve Cryptography). Тоа е посебен начин на асиметрична екрипција (шифрирање) на пораките, така што никој не може да дојде до нив во случај да ја пресретне комуникацијата. Најдобро би било ова да се претстави сликовито, во неколку фази, на примерот на „отворена кутија“.
1. Примачот на пораката испраќа отворена кутија
2 Задржува дел од клучот од кутијата
3. Испраќачот на пораката ја вметнува пораката во кутијата и ја заклучува со својот дел од клучот
4. Примачот на пораката ја отвора кутијата назад со својот дел од клучот
Методот за заштита на пораките што го користи Sky Ecc е посебен по тоа што „клучевите“ од пораките се пократки, односно имаат помалку карактери, а се еднакво силни како и другите методи на шифрирање. Благодарение на тоа, пораките можат да се испраќаат и примаат со голема брзина, а потешко е да се дешифрираат.