Од Европската фудбалска унија (УЕФА) е побарано да го одложи рокот за доставување на списоците со играчи кои ќе настапат на претстојното Европско првенство во Германија.
Како што објави денеска Скај, некои земји изразија загриженост дека ќе има многу малку време да се проценат потенцијалните повредите на играчите пред селекторите да ги испратат своите списоци во УЕФА до полноќ на 7 јуни, бидејќи последните пријателски натпревари ќе завршат само два часа пред истекот на рокот што е крајниот рок за регистрација на играчи.
Сепак, тешко дека УЕФА ќе го помести рокот бидејќи според нејзините правила играчите во репрезентациите мора да бидат пријавени седум дена пред почетокот на натпреварувањето, а Европското првенство започнува на 14 јуни со натпреварот меѓу Германија и Шкотска.
Исто така, во правилата е дека играчите можат да бидат заменети во националните тимови во секое време се до првиот натпревар на турнирот ако има лекарски доказ дека имаат повреда што ги спречува да играат.
За тоа ќе се разговара во понеделник на состанокот на Националниот натпреварувачки комитет, како и за евентуалното зголемување на бројот на играчи во репрезентациите. Тоа тело ќе даде препорака што УЕФА треба да ја ратификува на својот Извршен комитет.
На состанокот со селекторите минатата недела во Дизелдорф беше претставена идејата за проширување на составите од 23 играчи на 26.