Од Украина тврдат: Можеме да извеземе три милиони тони жито од нашите пристаништа

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Украинскиот заменик-министер за инфраструктура Јуриј Васков утринава изјави дека Украина може да извезе три милиони тони жито од своите пристаништа во септември и дека во иднина би можела да извезува четири милиони тони од нив секој месец.

Тој додаде дека украинската влада добила барања за 30 бродови да дојдат во Украина во следните две недели за да извезуваат жито.

Украинскиот извоз на жито е забавен откако Русија започна инвазија на 24 февруари и ги блокираше пристаништата на Црното Море на Украина, но три беа деблокирани минатиот месец како дел од договорот меѓу Москва и Киев што овозможи стотини илјади тони украинско жито да се испорачаат до крајни клиенти, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини