258
Повеќе од 24.000 луѓе, вклучително и најмалку 3.700 деца, се евакуирани во Русија од опасните области на Украина и самопрогласените Луганска и Доњецка народна република во изминатите 24 часа, изјави началникот на рускиот Национален одбранбен оперативен центар, генерал-полковник Михаил Мизинцев.
„Во изминатите 24 часа, 24.068 лица, меѓу кои 3.726 деца, беа евакуирани од опасните области на Украина и република Донбас во Руската Федерација без учество на украинските власти, додека од почетокот на специјалната воена операција, 2.359.135 лица, од кои 371.925 деца се евакуирани“, рече Мизинцев, пренесува ТАСС.
Во изминатите 24 часа од опасните подрачја на Украина се евакуирани 24.068 лица, меѓу кои 3.726 деца.