14,6K
На 05.10.2021 во 20.00 часот во Полициската станица Чаир, Р.С.(44) од скопско, пријавил дека околу 13.45 часот на ул.„Кемал Сејфула” бил пресретнат од В.К. и Б.М., при што В.К. со закана го внел во возилото „фолксваген голф”, кое го управувал Б.М..
Според пријавеното, потоа В.К. физички го нападнал, а причина за тоа бил долг што го имал кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.