Од утре 11 нови директни летови од скопскиот и охридскиот аеродром

Веќе од следниот понеделник, 3 ноември, дополнува Николсоки, ќе се лета кон Женева - исклучително значајна дестинација која покрај за туристи, ќе донесе и многу бизнисмени во Скопје, понатаму Мадрид, а од 15 декември и кон Прага и Келн.

од Бисера Трајковска
6 прегледи Фото: SKP airports

Политиките на Владата за привлекување авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром даваат резултати и оти од утре почнуваат 11 нови дестинации, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој информираше дека сo зимскиот распоред на летање веќе од утре 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел-исклучително важна дестинација бидејќи Охрид ќе биде отворен не само за туристите од Швајцарија туку и за туристите од Франција и Германија, затоа што ова е таканаречениот европски аеродром што ги спојува овие три држави.

-Од Скопје ќе се лета кон Стокхолм на главниот аеродром, ќе се лета за Штутгарт, за Бари, Ларнака-Кипар и сето тоа започнува од утре 27 октомври, вели Николоски во видео изјава објавена на неговиот фејсбук профил.

Веќе од следниот понеделник, 3 ноември, дополнува Николсоки, ќе се лета кон Женева – исклучително значајна дестинација која покрај за туристи, ќе донесе и многу бизнисмени во Скопје, понатаму Мадрид, а од 15 декември и кон Прага и Келн.