Од утре почнува санација на штетите од поплавите

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најави дека од утре почнува санација на штетите од поплавите што ги зафати некои региони во земјава.

poplavi-18

Ќе се почне првин со санација на патишта и мостови, а штом се повлече водата во Новаци ќе се санира и користото на реката Црна.

По повлекување на водата Министерството за здравство превентивно со свои екипи ќе врши дезинсекција за заштита од заразни болести, а Министерството за труд и социјална политика преку своите центри ќе направи евиденција на сите загрозени семејства од поплавите.

Телефонските броеви што ги отвори Црвениот крст за донација за поплавените се уште се во функција и се повикуваат граѓаните и компаниите да донираат. Последните информации се дека се собрани околу 100.000 евра кои.