Данската енергетска компанија Ерстед објави дека испораката на руски гас за Данска ќе биде прекината од утре во 6.00 часот по локално време, бидејќи Ерстед одби да го подмири плаќањето во рубљи.
„Бидејќи нема гасовод што оди директно од Русија до Данска, Русија нема да може директно да го прекине снабдувањето со гас за Данска и затоа ќе биде можно Данска да снабдува гас“, соопшти компанијата, додавајќи дека Данска ќе купува повеќе гас на европскиот пазар.
Руските власти претходно најавија дека ќе прифатат плаќање за испораките на природен гас само во нивната национална валута, барајќи од клиентите да отворат банкарски сметки во рубли или да ризикуваат снабдувањето да биде прекинато.
Овој потег доаѓа како одговор на серијата меѓународни санкции наметнати на Русија по нејзината инвазија на Украина на 24 февруари оваа година.
Гасот сочинува 18 проценти од енергијата што се троши секоја година во Данска. Домашното производство изнесува три четвртини од потрошениот гас во 2019 година.
Русија досега беше еден од главните извори на увоз на природен гас, според информациите на Данската агенција за енергетика.