Од утре следува нестабилно време

од Берта Китинска
208 прегледи

Од УХМР информираат дека на подрачјето на Северна Македонија од утре до средината на следната седмица ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.
Температурите значително ќе се намалат.

Во Скопската Котлина ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.