426
Од утре ќе започне имунизацијата на вработените лица во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници.
Оттаму, со нив ќе се заокружи кругот на лица кои спаѓаат во приоритетната група, односно со оние чија работа се темели на постојан контакт со други лица.
Инаку, премиерот Зоран Заев пред два дена најави дека околу 300 илјади вакцини од различни производители се очекува месецов да пристигнат во земјата.
Понатаму, се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од „Фајзер“, како и втората пратка преку Ковакс-механизмот. За месецов, планирана е и испораката на 200 илјади кинески вакцини, како и значителна количина „спутник В“, за кои има договор за 200 илјади дози, додаде премиерот.