Од утре во аптеките ќе биде достапен лекот Ивермектин – Ќе се продава по цена од 300 денари

Во земјава пристигна лекот Ивермектин, наменет за болните од Ковид 19, а веќе од утре ќе се најде во аптеките, посочува Љирим Шабани, инаку директор на Агенцијата за лекови за МИА.

„Лекот е стигнат во земјава, се прават последни процедури за да се стави во промет и најверојатно од утре веќе ќе биде достапен. Цената на лекот ја одредува Министерството за здравство, но мислам дека ќе чини околу 300 денари“, истакна Шабани.

Инаку, како што е познато, Шабани минатата недела информираше дека се одобрени сите барања од болниците и веледрогериите кои ги исполниле услови.

„Дадовме одобрение за увоз и останува на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот. Ни најавија дека има полициски час во неколку држави и дека тешко ќе биде за неколку дена да стигне лекот. Ние ги завршивме сите административни проедури и сега прашањето е техничко кога ќе можат тие физички да го донесат, имајќи предвид дека има лок даун во неколку држави заради празниците“, посочи своевремено Шабани.

Слични содржини